Eдна од најголемите нафтени компании во светот „ЛУКОИЛ“ од Руската федерација оваа година слави 25 години од своето основање. Изминува четврт век посветена работа поврзана со истражување, ископување на нафта и гас, производство и пласман на високо квалитетни нафтени деривати, како и електрична енергија во 35 земји преку разгранетата малопродажна мрежа.

„ЛУКОИЛ“ е компанија која со своето работење носи стабилност, сигурност и квалитет на нафтениот пазар. Работи по најсовремени светски стандарди и гарантира квалитет и високо ниво на услуги. Придонесува во светското производство на нафта со преку 2%, а со своето тековно производство обезбедува залихи за наредните 19 години, а кои се дистрибуираат до 5.500 бензински станици во над 22 земји во светот.

-Горди сме на нашиот јубилеј 25 години „ЛУКОИЛ“. Четврт век на успешна работа во еден исклучително конкурентен сегмент, период во кој успеавме да поставиме високи стандарди на ефикасна и квалитетна услуга. Исто така, сме горди и на нашите достигнувања во Македонија. На македонскиот пазар „ЛУКОИЛ“ е присутен веќе 11 години, со 28 бензиски станици според најсовремените светски стандарди и 400 вработени, со што компанијата прерасна во еден од поголемите снабдувачи со гориво во земјава, – истакнуваат од компанијата по повод значајната годишнина на нивната централа.

Компанијата има динамичен развој, континуирани инвестиции во производство, малопродажни услуги и човечки потенцијал. Токму поради тоа во рамките на глобалната групација, „ЛУКОИЛ“ Македонија дури два пати беше прогласена за најдобро претпријатие надвор од границите на Русија, што претставува уште една потврда за доброто работење. „ЛУКОИЛ“ Македонија денес е синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, но и пошироко, бренд на кој потрошувачите му веруваат. Довербата која ни ја укажуваат потрошувачите и во иднана ќе биде силен мотив за да работиме уште подобро и секогаш да бидеме први во се, да ја следиме нашата девиза – ’ЛУКОИЛ секогаш во движење‘“, – изјави генералниот директор на „Лукоил Македонија“ , Андреј М. Куку.

Во Македонија компанијата има удел на пазарот на нафтени деривати од околу 14-15% .

-За овие 11 години откако сме во земјава продадовме 1,125 милиони тони деривати или колку што е двегодишната потрошувачка на овој пазар. Ние немаме амбиции да станеме монополисти на пазарот, туку императив ни е високиот квалитет на горивата што ги нудиме, како и врвната услуга за потрошувачите, – додава Куку.

Според него „Лукоил“ досега во Македонија инвестирал преку 50 милиони долари во својата продажна мрежа и складот, и дека е меѓу 10-те најголеми плаќачи на данок во земјата. Куку ја истакна  и грижата за заедницата, односно дека компанијата од почетокот инвестира значително и во општествено одговорни практики.

-Посебно би ја истакнал грижата за нашите вработени, како пример само ќе наведам дека од годинава воведовме дополнително доброволно приватно здравствено осигурување, а платите не ги намаливме ни во време на криза за нафтената индустрија. На нашите бензински станици просечната плата е околу 31.000 денари“, – истакнува Куку.

Најавено е отворање нови бензински станици во Скопје, Куманово, Кавадарци и во Гевгелија.

„Лукоил Македонија“ е членка на Македонска-руска стопанска комора и активно учествува во нејзиното работење.