Традиционално, и оваа година Амбасадата на Руската Федерација распиша конкурс за прием на државjани на Република Македониjа во рамките на државната квота во најдобрите високообразовни и средни стручни образовни установи на Руската Федерација за учебната 2019/2020 година.
Бесплатното образование е достапно на следните нивоа:
– средно стручно образование;прв циклус, додипломски студии („бакалауреат“)
– втор циклус, постдипломски студии („магистратура“)
– трет циклус, докторски студии („аспирантура“);
– „специјалитет“ (прв циклус + втор циклус: интегрирано образование во на 5–6 години за некои насоки, обично за медицински)
01- „ординатура“ (постдипломски студии за медицински насоки, Residency)
– дополнително стручно образование (напредни курсеви за обука во разни области).
Пријавата се пополнува во електронска форма и се поднесува со приложени скенирани документи директно на сајтот http://www.russia.study/ (потребна е регистрација).
Рокот за пријавување е до 1 февруари 2019 година.
За сите прашања контактирајте го претставништвото на Россотрудничество во Република Македонија на macedonia@rs.gov.ru.