Јелена Танев е магистер по економски науки, долгогодишен успешен раководител во овој сектор и вљубеник во хотелската индустрија. Зад себе има 15 години искуство и според нејзините зборови, ќе се обиде истото да го имплементира во хотел „Руссиа“.
-Со зголемување на глобализацијата и конкуренцијата во посредната и непосредна околина, се зголемуваат и очекувањата на клиентите во денешниот натпреварувачки хотелски ринг, каде вистинското знаење и умеење за проценка и антиципирање на потребите, вредностите и желбите на гостите, преку соодветна внатрешна поддршка од вработените во хотелот, хотел „Руссиа“ успешно ќе се диференцира и ќе предничи во однос на другите.- истакнува Јелена Танев, – Преку употреба на современите инструменти и маркетинг канали, сериозно работам на интегрирани организациски активности и процеси, со цел подигнување на повисоки стандарди, континуирано интерактивно подобрување во сите аспекти за да се зголемат бројките на дневната зафатеност на соби, подобрување на севкупните услуги, создавање позитивен устен маркетинг, зголемување на пазарниот удел, усовршување на маркетинг методите и каналите…
Зголемувањето на опциите за комуникација во последните години, придонесе да се пробијат бариерите за да се стигне до целниот пазар. Конечно, идејата е да се изгради и одржи силен идентитет на брендот и имиџ преку модерна, интегрирана внатрешна и надворешна комуникација.“- додава Танев.