Во Пекинг се одржа средба на кинескиот и рускиот лидер, Си Џинпинг и Владимир Путин (25.6.2016 година). НР Кина е водечкиот трговски партнер на Руската Федерација.Во 2015 година вкупната размена меѓу двете земји изнесувала 63,5 милијарди долари, а позитивна динамика особено ги следи економските односи и годинава.Токму од тие причини очекувано на дневниот ред на разговорите на двајцата шефови на држави беа првенствено прашањата на натамошно развивање на економската соработка, реализацијата на важни проекти во сверата на енергетиката, заедничкото производството на авиони и хиликоптери и високата технологија. Се разбира, не беа заобиколени ниту политичките односи, како и значајните прашања од областа на меѓународните односи. За неколку дена тоа беше трета средба на Си Џинпинг и Владимир Путин.

-Заради смалување на зависноста од надворешни фактори ние ја прошируваме употребата на националните валути во меѓусебните плаќања.Учеството на руската рубља во таквите плаќања е 3 отсто, додека на кинескиот јуан е многу поголемо и изнесува 9 отсто.Овие проценти треба занчително да пораснат по отварањето на пресметковниот центар за трансакции со јуанот во Русија, – изјавил рускиот претседател на крајот на руско-кинеските разговори.

Москва и Пекинг ја договорија соработката и по прашања на развојот на нуклеарната енергија во трети земји.

– Се развива соработката во сверата на користењето на нуклеарната енергија во мирновременски цели.Работиме во 2018 година да проработат уште два блока   во Тјангванската нуклеарна централа изработени по руски технологии.Се договоривме активно да работиме и на пазарите на трети земји, – додал Путин.

Сепак, енергетиката останува локомотива на деловната соработка меѓу двете земји.

-Русија го зголемува обемот на испорака преку руско-кинескиот гасовод, продолжува реализацицијата на проектот за изградба на рафинеријата за нафта „Тјанцзиски“, строго по план се гради гасоводот „Силата на Сибир“, кој со полна снага треба да проработи во 2020 година.Во тек е усогласување на условите за испорака на рускиот гас по западната траса во Кина, – рекол Путин.

Кинеските партнери го зголемиле своето учество во „Јамал“, најголемиот руски проект за производство на течен гас.До крајот на годината Русија и Кина ќе ги усогласат и прашањата околу изградбата на брзата пруга од Москва до Казањ, трансевропската магистрала која треба да го подобри сообраќајот на огромниот континент.

Ова се само дел од проектите за кои меѓусебно разговараа двата шефа на држави.Меѓутоа, значајно е да се истакне дека во пресрет на средбата во Пекинг, Меѓувладината работна група одобрила 66 руско-кинески проекти со вкупна вредност од околу 90 милијарди долари.

Заменик-министерот за економски развој на Русија Станислав Воскресенски рече дека на средбата на работнтата група биле разгледани инвестиции за воспоставување на безбедноста на храната во азиско-пацифичкиот регион. Во оваа врска се дискутирани можности за извоз на руско месо за Кина.

На почетокот на јуни рускиот министер за земјоделство, Александар Ткачов коментираше дека очекува во блиско време кинескиот пазар да се отвори за испораките на руски месни производи. Веќе има и руски производители, кои велат дека се заинтересирани за извоз на производството во Кина.

Еден од стратешките проекти, чиј старт беше означен на средбата во Пекинг   е терминал за жито на границата на двете земји. Вредноста на терминалот е 1,1 милијарди долари.Кинеската „COFCO“ веќе го најави својот интерес да купува руски житни култури и снабдувањето ќе може да се реализира преку овој терминал. Очекувањата се дека Кина ќе може да добива по 2-3 милиони тони житни култури годишно.Терминалот може да се користи за снабдување и кон други азиски земји.

 – Секогаш се залагаме за политичко решавање на меѓудржавните спорови и актуелните регионални проблеми по пат на на пријателски консултации и мирни преговори. Едновремено,  се спротиставуваме на употребата на сила и закани со сила, на лесното воведување на санкции и на заканите од нивна употреба, едностраната политика и приманата на еднострани акции, без согласност и договор на заинтересираните страни, – истакнал Си Џинпинг, по разговорите со Владимир Путин.

Оваа порака на кинескиот претседател може да се стави во корелација со неодамна објавената статистика дека од вкупниот број на трговски ограничувања кои се вовоедени во светот лани на железото и челикот отпаѓаат попвеќе од третина – 35,3 отсто.Кина е најголемиот производител на суров челик во светот – минатата година произвела 803 милиони тони од 1621 милиони тони колку што е вкупната светска продукција.Кинескиот извоз е поголем од вкупното производство на било која друга држава во светот и изнесувал лани 112 милиони тони. Антидампиншки царини на кинескиот челик на снага се во САД, Канада, ЕУ и Индија. Царините на ладноваланите кинески лимови во САД минатата година изнесувале 227,29 отсто, а годинава се зголемени на 522 отсто!Следна по бројот на ваквите ограничувања е Русија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг го повика рускиот претседател на самитот Г20 кој на есен ќе се одржи во најмногубројната земја на светот.

                                                Подготвил: Саво ПЕЈЧИНОВСКИ