Од јануари до август Република Македонија бележи влез на странски директни инвестиции во вредност од 223 милиони евра. Само во август во земјава влегле 54 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.
Во првите осум месеци од годинава странските директни инвестиции се за 67 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани. За споредба, од јануари до крајот на август во 2015 година во земјава се инвестирани 156 милиони евра од странство.
Погледнато по месеци во август годинава е инвестиран најмногу капитал, а следат февруари со влез на 45 милиони евра, па март со 37.5 милиони евра странски директни инвестиции.