Компанијата „Адинг“, членка на Македонска-руската стопанска комора, во првото полугодие годинава оствари добивка од 7.683.000 денари. Ова го покажува консолидираниот биланс на успех објавен на Македонска берза за хартии од вредност.
Во истиот период лани, добивката на „Адинг“ изнесувала 10.371.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првото полугодие од 2016-та имаа вредност од 193.128.000 денари. Од тој износ, продажбата во земјата достигнала 125.696.000 денари, додека од извоз се реализирани 67.432.000 денари.„Адинг“ е водечка компанија во Југоисточна Европа за производство и пласман на хемиски материјали за градежништвото, основана во 1969 година. Седиштето на матичната компанија и најголемиот производствен погон се наоѓаат во Скопје, Р.Македонија, а со свои претставништва и дистрибутери е присутна на повеќе од 13 пазари од регионот на Југоисточна Европа, Блискиот Исток и Азија. Компанијата е присутна со свои производствени погони и во Р.Бугарија и Р.Иран, додека свои фирми претставништва има во Р.Србија, Р.Казахстан и Р.Грција.
Производствената програма ја сочинуваат повеќе од 100 производи кои нудат решенија за најспецифични проблеми со кои се соочува модерното градежништво. Речиси 60% од производството на компанијата денес се пласира на надворешните пазари, па оттука и големиот број на референтни објекти на овие пазари каде се вградени производите и технологиите на АДИНГ.
Компанијата е една од првите сертифицирани компании со ISO 9001:2000 во Р.Македонија и менаџментот на компанијата има преземено професионална обврска за постојаното подобрување на квалитетот на производите и услугите, грижата кон клиентите и вработените. Поседувањето на сертификатот ISO 14001:2004 ја докажува грижата и активната политика на „Адинг“ кон животната средина и вниманието кон неа, а на почетокот од 2014-та година, компанија се стекна и со А-Интегрирана еколошка дозвола.
Од септември 2015 година, Централната лабораторија „Адинг (ЦЛА)“, се здоби со Сертификат за акредитација бр. ЛТ-055. Со овој сертификат се потврдува дека лабораторијата ги исполнува барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC17025:2006. Централна лабораторија „Адинг“ е лабораторија акредитирана за 20 методи на испитување од областа на цемент, агрегат, бетон и малтер за ѕидање
Целата групација „Адинг“ , денес има повеќе од 150 вработени од кои околу 90 вработени се во матичната компанија, а останатите во компаниите членки на групацијата во Р.Македонија и светот. „Адинг“ е е инженерска компанија со повеќе од 40% градежни инженери, архитекти, хемиски инженери, технолози и други високостручни профили кои работат во секторите: Производство, Техничка примена и пласман, Истражување и развој, Контрола на квалитет итн.