АДИНГ, членка на Македонско-руската стопанска комора, е водечка компанија во Југоисточна Европа за производство и пласман на хемиски материјали за градежништвото, основана уште во 1969 година. Компанијата е една од првите сертифицирани компании со ISO 9001:2000 во Р.Македонија и менаџментот на компанијата има преземено професионална обврска за постојаното подобрување на квалитетот на производите и услугите, грижата кон клиентите и вработените. Производствената програма ја сочинуваат повеќе од 100 производи кои нудат решенија за најспецифични проблеми со кои се соочува модерното градежништво. Речиси 60% од производството на компанијата денес се пласира на надворешните пазари, а овој пат тие се присутни и на афричкиот континент поточно аеродромот Кабаале.

-Афричкиот континент е дестинација на која многупати патувале наши производи и наши тимови, а во моментот сме во Р.Уганда каде учествуваме во изградбата на меѓународниот аеродром Кабаале, во градот Хоима.Повеќегодишното искуство при изведба на бетонски коловози и аеродромски писти, стекнато најмногу во Казахстан, но и во некои од останатите републики на поранешниот СССР, го пренесуваме и на афричкиот континент. Усовршените и прилагодени рецептури на дел од нашите производи, како и знаењето и технологијата вградени во овие бетонски објекти веќе го минуваат тестот на времето и претставуваат вредна референца за нашето работење, – соопштуваат од компанијата.

Во изведбата на објектот, АДИНГ учествува со свои производи, но и со непосредна инструктажа и експертиза од нашите инженери, а во соработка со главниот изведувач израелската компанија „SBC (Uganda) LTD“ Аеродромот Кабаале, во близина на градот Хоима е проект од стратешко значење за западниот регион на Р.Уганда и нејзината нафтена индустрија, неговата изведба отпочна во 2018 година и треба да биде завршена во 2023 година