Најголемата македонска фармацевтска компанија „Алкалоид“ ја доби наградата „Кристално ѕвоно“ за најтранспарентно акционерско друштво котирано на Македонска берза АД Скопје, за 2018 година.
Во периодот од 2011 година до 2018 година „Алкалоид“ пет пати ја добива наградата „Кристално ѕвоно“.
„Алкалоид“ на македонскиот пазар на капитал е препознатлив по тоа што со години во континуитет дели дивиденда и нејзиниот износ расте секоја година. Тоа оваа акција ја прави посакувана во портфолиото на секој институционален инвеститор.
Наградата беше доделена во рамките на дваесеттата годишна конференција во организација на Македонска берза АД Скопје, одржана на 29-ти март 2019 година.
Оваа награда го потврдува високото ниво на корпоративно управување во компанијата, како и транспарентноста во работењето и квалитетот на комуникацијата со инвеститорите, институциите, медиумите и јавноста воопшто.