„Алкалоид“ АД Скопје, членка на Македонска-руска стопанска комора, ќе продолжи да инвестира во развојот на компанијата, во производствените капацитети и современите технологии, во човечките ресурси и во заедницата воопшто. Ова е предвидено во Бизнис планот за 2017 година на една од најуспешните компании во земјава, донесен со одлука на Управниот Одбор на „Алкалоид“ АД Скопје на седницата одржана на 26.12.2016 година.
Бизнис планот за 2017 година предвидува инвестирање на околу 10% од консолидираните продажби во материјални и нематеријални средства од сопствени извори, раст од најмалку 7% на консолидираните продажби во однос на очекуваните за 2016 година, како и раст од најмалку 8% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на очекуваниот за 2016 година.
Сегментарно по профитни центри, 83% од консолидираните продажби се очекува да ги реализира ПЦ „Фармација“, а 17% ПЦ „Хемија Козметика Билкарство“.
Се очекува 39% од консолидираните продажби да бидат остварени на домашен пазар додека 61% од извоз.
  • Прв приоритет и понатаму останува регионот;
  • Втор приоритет се земјите од ЕУ, САД, Русија и земјите од ЗНД;
  • Трет приоритет се останатите пазари.
alk