Интервјуто на Андреј М. Куку, генерален директор на „Лукоил Македонија“, членка на Македонско-руската стопанска комора, објавен во „Бизнис Вести“ го пренесуваме во целост

*Која е клучната компонента што нафтените компании мора да ја земат во предвид кога создаваат и разработуваат нови моторни горива?

Поригорозните стандарди за грижа за животната средина во однос на емисиите на штетни гасови од моторните возила и условите за работа на модерните мотори со внатрешно согорување бараат развој на иновативни моторни горива со подобрени еколошки и економски квалитети. Жителите на Скопје се соочени со проблемот со загадувањето на воздухот карактеристичен за овој период од година. Ние сме свесни за ова и го третираме како многу сериозен проблем па затоа „ЛУКОИЛ“ презема реални мерки за негово решавање. Тоа е квалитетното гориво што се испорачува на пазарот во Македонија

*Што е горивото EKTO од „ЛУКОИЛ“?

 Моторното гориво EKTO – е резултат на долгогодишната работа на компанијата за подобрување на горивото. Лансирањето на иновативното гориво од „ЛУКОИЛ“ беше овозможено благодарение на модерните технологии, кои овозможуваат создавање основна формула базирана на природна високооктанска компонента произведена од компанијата.
Сакам посебно да истакнам дека за „ЛУКОИЛ“ високиот квалитет на производите отсекогаш бил приоритет. Историски гледано, компанијата инвестираше милијарди долари во модернизација на своите рафинерии, развивање технологии и во нудење производи што ги задоволуваат современите еколошки и економски барања.

Пример за ова е иновативното гориво со подобрени експлоатациски и еколошки својства под брендот ЕКТО.
Иновативното гориво EKTO, како што реков претходно, беше создадено земајќи ги предвид најсовремените технологии со додавање мултифункционален пакет адитиви за гориво од најновата генерација, така што сопствениците на автомобили се уште позадоволни при возењето, а истовремено нивните автомобили не ја загадуваат животната средина.

Притоа EKTO овозможува зголемување на моќноста на моторот и истовремено намалување на потрошувачката на гориво. При неговокористење се  намалуваат емисиите на јаглероден диоксид и на азотни оксиди, што денес е многу важно, поради тоа што во земјите во Западна Европа стандардот што се применува Евро-6, е многу строг во делот на испуштање штетни материи во атмосферата .

Во овие услови „ЛУКОИЛ“ испорачува свое моторно гориво во повеќето земји во Источна и во Западна Европа. А тоа говори за квалитетот на моторните горива од „ЛУКОИЛ“, кои се барани во овие земји.

Кога станува збор за новите стандарди, би сакал да истакнам дека за возачите ова, пред сè, значи заштеда на гориво, што е важно за земјите како што е Македонија, каде што цената на моторните горива зависи од светската цена за овие производи.

Во споредба со Евро 5, кај новиот стандард Евро 6, максималната дозволена вредност на честичките во издувните гасови на камионите е намалена за околу 67 проценти, а максималната дозволена емисија на азотни оксиди за дури 80 проценти, емисиите на јаглерод од автомобилите треба да бидат помали од 130 грама на еден километар пат.

Иновативните моторни горива ЕКТО целосно ја одразуваат стратегијата на „ЛУКОИЛ“ за производство на нафтени производи: грижа за животната средина, за моторите на автомобилите и за удобноста на возачите и на патниците. Убеден сум дека возачите на Македонија ги почувствуваа придобивките од горивата ЕКТО при првото полнење на резервоарот за гориво: бучавата и вибрациите на моторот се значително намалени, неговата моќност се зголемува, има полесна работа на моторот, потрошувачката на гориво се намалува.

И самата статистика зборува за ова: за 11 месеци од оваа година обемот на продажбата на горивото ЕКТО во Македонија изнесуваше 94 проценти, а на Евро горивото 6 проценти.

*Кои се факторите што се одговорни за зголемување на моќноста на моторот, намалување на потрошувачката на гориво и намалување на штетните емисии?

Ќе одговорам кратко. Освен со високиот квалитет на горивото произведено во рафинериите на компанијата, ова особено се постигнува со употреба на компоненти – ЕКТО адитиви за гориво, кои го чистат моторот и во себе содржат модификатор на триење.

*Кои се предностите на горивото ЕКТО?


      Ќе започнам со дизел горивото, бидејќи во Македонија околу 70 проценти од автомобилите се со дизел мотори. Постојаното зголемување на побарувачката за EKTO Дизел од година во година само по себе зборува за беспрекорниот квалитет на ова гориво.

Употребата на ЕКТО Дизел спречува формирање талози на инјекторот и ги отстранува претходно формираните талози, што придонесува за стабилно функционирање на моторот и ги спречува проблемите за време на стартувањето.
Дизел-горивото ЕКТО беше тестирано во сертифициран Европски центар за вршење анализи. Тестовите покажаа дека по своите карактеристики за чистење и по своите анти-пенливи својства ги надминува препораките од универзалната повелба за гориво и е на ниво на најдобрите брендови гориво што се продаваат во Европа.

Главните предности на ЕКТО Дизелот се: зголемување на моќноста на моторот до девет проценти, до пет проценти поголема економичност на горивото, полесен старт на моторот и намалена бучава и вибрации на моторот.

Сакам да обрнам посебно внимание на фактот дека присуството на модификаторот на триење во EKTO горивото го намалува механичкото триење во областа на цилиндарот и обезбедува одлична способност за маневрирање поради моментното зголемување на моќноста на моторот при различни работни услови.
Присуството на антипенлива компонента во горивото ЕКТО обезбедува поцелосно полнење на резервоарот со гориво и го скратува времето за негово целосно полнење.

*Кажете ни неколку зборови и за бензинот ЕКТО Плус…


           Одржувањето на чист систем за гориво, благодарение на својствата за чистење на ЕКТО, гарантира максимална дисперзија и комплетносогорувањето на горивото, што, пак, за возврат обезбедува стабилна моќност, економичност на горивото и намалување на штетните емисии.
Доколку возачите во Македонија имаат потреба од бензин со беспрекорен квалитет во комбинација со заштеда и со заштита на животната средина,  горивото ЕКТО Плус е специјално создадено за нив. Неговата примена овозможува:зголемување на моќноста на моторот до 7,5 проценти, до 5 проценти поголема економичност (до 30 километри од дополнителната километража со едно полнење на цел резервоар со гориво), зголемување на животниот век на моторот, зголемување на интервалот на промена на маслото, отсуство на корозија и чистење на инјекторот.

Постојаното зголемување на продажбата на ова гориво зборуваза големата доверба на потрошувачите и на сопствениците на лесни и на тешки моторни возила во него.

*Кои се спецификите и предностите на горивото ЕКТО Спорт?


            Бензинот ЕКТО Спорте незаменливо за љубителите на спортски трки, за тие што ги сакаат брзината и бескомпромисниот стил на возење.
Високиот октански број и специјалниот состав на горивото муовозможуваат на вашиот автомобил зголемена моќност  и максимално забрзување. Ова е  навистина „енергезиран бензин“ (energising fuel).

Иновативниот пакет адитиви за гориво содржи високо ефективен модификатор, кој го намалува механичкото триење во областа на цилиндрите. Тој истовремено овозможува зголемување на моќноста на моторот и намалување на потрошувачката на гориво.
Ќе наведам неколку показатели за ефикасноста на овој бензин: зголемување на моќноста на моторот, брз старт и зголемена економичност до 6,5 проценти.

Високиот квалитет на горивото ЕКТО Спорт е потврден со анализи што се направени во Велика Британија, во меѓународно акредитираниот центар за тестирање „Tickford Power Train Test Ltd“.

*Што би им препорачал „ЛУКОИЛ“ на своите клиенти за сигурна работа на дизел моторот во зима?

Со почетокот на студеното време, грижата кај сопствениците на автомобили се зголемува, особено кај тие со дизел мотори. Тие треба да бидат особено внимателни, бидејќи дизел-горивото има парафински својства при ниска температура. Затоа, во студениот период, почнувајќи од 1 декември, „ЛУКОИЛ Македонија” на своите бензински станици продава зимско дизел-гориво ЕКТО.

Ова дизел-гориво се произведува во нашите рафинерии, во индустриски услови, со сигурен квалитет.
Максималната температура на филтрирање изнесува – 27 Целзиусови степени и укажува на прагот на температурата на работење на моторот.

Притоа  цетанскиот  број не е помал од 51 и ова е многу важен показател  за способноста на горивото да се запали во комората за согорување, со стартување на моторот, при што и се намалува потрошувачката на гориво.

Освен тоа, зимското дизел-гориво EKTO не формира сулфурнаи сулфуреста киселина за време на согорувањето. Оваа влијае позитивно не само на животната средина, туку и го продолжува животниот век  на моторите. Дел од стручњаците уверуваат дека поради нискиот праг на замрзнување на зимското дизел гориво од ЛУКОИЛ се елиминира потребата од инсталирање дополнителна опрема во форма на сепаратори со греење.

Затоа би ги советувал возачите да го користат зимското EKTO Дизел гориво, или, кога немаат таква можност, за сигурност препорачувам да носат со себе депресивно-дисперзирачки адитиви (антигел).

*Кои се новите производи на ЛУКОИЛ што се пуштени во продажба?

Покрај зимското дизел-гориво ЕКТО, од оваа година на македонскиот пазар почнавме да продаваме и нов бензин ЕКТО Плус со подобрени карактеристики. Би набројал некои од нив:
– зголемување на моќноста на моторот од 7,6 проценти до 9,5 проценти
– зголемувањето на динамиката за забрзување на 5,8 проценти
Сигурен сум дека многу од нашите клиенти веќе го искусиле квалитетот на новиот ЕКТО Плус.

Сакам да ве известам дека  компанијата ЛУКОИЛпродолжува со производство на иновативни горива, годинаваго создаде новиот бензин ЕКТО 100  во замена на  АИ98.

Со користење на бензинот EKTO 100 се подобрува ефикасноста на висококвалитетните мотори, при што се сочувуваат сите дополнителни својства на горивата од брендот EKTO.

Очекуваме,  дека по соодветно дополнување на националните стандарди за гориво, овој бензин ќе се појави  и на македонскиот пазар.

Уверен сум дека возачите што се грижат за своите автомобили секогаш користат и ќе користат високо-квалитетни моторни горива!

На крајот, сакам да кажам дека грижата за луѓето и грижата  за животната средина отсекогаш била и ќе бидат приоритет за „ЛУКОИЛ“.

Во пресрет на Нова година, сакам да им ја честитам на сите наши клиенти,на сите граѓани на Република Македонија и да им посакам добро здравје, благосостојба и лична среќа.

А на  Република Македонија понатамошни успеси!
Среќна Нова 2018 година!