Во приказната за санкциите кои Европската Унија и ги воведе на Москва, Руската Федерација многу подобро помина од Европа – сите прехрамбени производи кои порано се купуваа од западниот дел на Стариот континент сега се произведуваат во Русија. Ова за „Спутњик“ го вели економистот Махмут Бушатлија.

Во Европа, истакнува Бушатлија, јакне свеста дека целата акција со антируските санкции им оди пред се на штета на европските држави, додека токму САД кои тој процес го поттикнаа и започнаа, всушност,  од воведувањето на европските санкции против Москва значително ја зголемија размената со Руската Федерација!

За катастрофалните последици на антируските мерки за самата Европа зборуваат податоците на на Францускиот истражувачки центар за меѓународна економија, кој покажува дека извозот од земјите кои ги подржаа санкциите претрпел штета од фантастични 60,2 милијарди долари.Во извештајот може да се види дека на замјите од ЕУ им отпаѓаат повеќе од две третини, или 76,7 отсто од сите загуби заради ограничувањата во трговијата.

Махмут Бушатлија споменува дека најголемите штети ги претрпеа земјите кои пред воведувањата на санкциите имале најголема размена со Руската Федерација.Германија пред санкциите имала размена со Руската Федерација во висина од 60 до 70 милијарди евра, заради што веднаш по нивното воведување секторот на германската воена индустрија се пожалил на владата и побарал да им се надомести штетата која ќе ја претрпат. Надомест побарала и автоиндустријата на Германија.Што се однесува до Французите, само на двата „мистрали“, кои требаа да им ги испорачаат на Русите, а не го сторија тоа заради притисоците на САД, ќе прокнижат загуби од од 2 милијарди евра.Од друга страна, Италија е најмногу погодена од контрамерките на Русија која што го забрани увозот на прехрамбени производи и сметките зборуваат дека само по овој основ компаниите од Апенинскиот полуостров ќе имаат кусок во нивните каси  во висина од три до четири милијарди евра.

Поголемиот дел на штетните последици од санкциите е врзан за производи на кои директно не се однесуваат руските реципрочни мерки, односно од ембаргото на земјоделските производи.Бушатлија, меѓутоа, вели дека и санкциите и контрасанкциите му припаѓаат на истиот проблем.Според неговите зборови, европските статистики зборуваат дека се намалила продажбата на рускиот пазар, што е предизвикано од руската забрана, ама последиците се и од фактот што е оневозможена продажбата на високоиндустриски производи на Руската федерација, пред се на воената опрема.

Коментирајќи го влијанието кое го имаа санкциите на руското стопанство, која донекаде ги амортизираше со свртување кон внатрешните ресурси, Бушатлија истакнува дека Русија многу подобро проаѓа од Европа.

-Во почетокот, додека не се снајде  Русија трпеше одредени губитоци, но она што е многу важно е дека таа се сврте кон својот пазар во областа на производството.Сето она што се купуваше во Европа од храна сега почна да се произведува во Русија.Минатата година Русија беше најголем извозник на пченица во светот, – подвлекува соговорникот на „Спутњик“.

Русија, како што напоменува тој, успеа да се прилагоди во многу елементи.

-Смалувајќи ја вредноста на својата национална валута го доведе своето стопанство во состојба да мора да се сврти кон себе, а не да купува во странство се што ќе му падне на памет, туку  тоа што може да го произведат – да го произведат дома.А, благодарејќи на фактот дека сега рубљата е поефтина, на руските компании и производители им е овозможен поповолен извоз, додека увозот на одреден начин стивна бидејќи е премногу скап, – објаснува Бушатлија.

Потполно е јасно дека Европа многу повеќе трпи од санкциите, закључува Бушатлија, додавајќи дека   како меч над главата на Европа и стои енергетската безбедност која  во висина од 25 до 30 отсто и зависи од рускиот гас.

Игор Коваљов, професор на московската Висока школа за економија, вели дека европските бизнисмени и земјоделци се погласно бараат укинување на санкциите.Во услови на се поголема криза во ЕУ, предизвикана покрај другото и од „брегзитот“, многумина европски функционери, според него,  ќе подразмислат за преиспитување на одредени политички одлуки кои се однесуваат на Руската Федерација.

-Да речеме, Русија и Италија имаат голема трговска размена и развиени економски односи, и затоа оваа земја е едне од наголемите губитници во оваа состојба.Како што гледаме, вкупните загуби се движат и до десетици милијарди евра и тоа е сериозна штета.Затоа и протестираат земјоделците и производителите.Секако, „сериозна“ не значи „фатална“ и не би требело да се преценува оваа штета и да се зборува дека сме го „уништиле европското стопанство“.Но, исто така,  би било погрешно да се тврди дека заради санкциите руската економија е „пропадната“, – наведува Коваљев.Тој додава дека европските производители не се задоволни заради загубите и затоа, на пример, се повеќе италијански региони гласаат за укинување на санкциите.

-За тоа дека санкциите се пат во ќорсокак, зборуваа унгарскиот премијер Орбан, како и лидерите на Чешка и Словачка.Битно е дека многу региони во Германија и Австрија се против санкциите, а во овие земји е невозможмо да се игнорираат мислењата на покраините и воопшто на внатрешноста за земјите, – истакнува рускиот експерт.

Како што напоменува тој, иако одлуките на советите на италијанските региони не се обврзни, би било многу непромислено да се игнорира гласот на народот.

-Референдумот во Велика Британија покажа какви се последици може да има мислењето на жителите на малите градови.Покрај тоа, треба да се потсети дека санкциите се воведени на барањето на САД, кои на тој начин сакаат да ги освојат европските пазари, што е во согласност со глобалната американска стратегија, чии што дел е и Трансатланското партерство кое им оди во корист исклучиво на американскте компании, – уверен е Коваљов.