Британскиот специјализиран магазин „Банкар“ (The Banker) ја прогласи Елвира Набиулина, првиот човек на Банката на Русија, за најдобар гувернер на Централна банка во Европа во 2016 година.
Списанието „Банкар“ ги истакнува нејзините напори за заздравување на банкарскиот сектор и резултатот на инфлацијата во 2016 година (5,4% – рекорден показател во историјата на Русија). Според публикацијата, 2016 година „стана точка на пресврт во расположението на населението и на учесниците во пазарот во делот на инфлациските очекувања“.
Минатата година за најдобар прв човек на Централна банка во Европа беше прогласен претседателот на Банката на Англија Марк Карни.
Во септември Елвира Набиулина исто така се најде меѓу првите осум раководители на централни банки во светот според „Глобални финансии“ (Global Finance). Притоа таа се најде пред нејзината американска колешка – првиот човек на Федералните резерви на САД Џенет Јелен.