Во првиот квартал на 2017 година „Макпрогрес“ од Виница оствари пораст на вкупните продажби за 6,3% во однос на првиот квартал во 2016 година. Тоа навестува дека и во 2017 година „Макпрогрес“ има основ да очекува нов рекорд во работењето.  Ова се должи на пораст на продажбите на странските пазари и тоа за 9,5%. Производите на компанијата најмногу се извезуваат во соседните земји. Во Словенија најприфатени се вафлите и наполитанките, а во Романија најмногу се конзумираат ролатите и тоа фамилијарните пакувања.На домашниот пазар е остварен пад во продажбите за 2,8% и тоа во месец март кога се почувствува и намалување на побарувачката. Компанијата работи со 80% искористеност на производните капацитети.

Makprogres2

И останатите домашни компании имаат пад во продажбата на домашен пазар што наведува на заклучок дека актуелната политичка нестабилност влијае и врз целокупната потрошувачка во Република Македонија.Но, планираме да продолжиме агресивно да го зголемуваме извозот, се разбира без да го запоставиме домашниот пазар на кој ќе се обидеме да оствариме поголема маркетиншка присутност. – истакнува Глигор Цветанов, извршен директор во „Макпрогрес“ од Виница,
Ланската година е најуспешната во 26 годишното постоење на компанијата во поглед на остварените продажби особено на странските пазари. Годината је карактеризираше и висока ликвидност и стабилност, но поради зголемени трошоци остварен е помал профит во однос на 2015 година. Главен пораст на трошоците се должи на зголемените цени на сировините, а посебно на шеќерот, како и растот на платите и другите давачки за вработените.
Со своите 550 вработени, лани компанијата оствари производство од 14.500 тони на различни производи, од кои 80% беа пласирани во странство, остварувајќи 6% раст на извозот во однос на 2015 година.
Трендот на раст се должи на континуираните инвестиции во нови производни капацитети, зголемување на асортиманот на производи, како и на континуираните подобрувања на сите сегменти од работењето. Белег на 2016 година беше  зголемување на бројот на вработени и лансирање на неколку нови производи, меѓу кои: „Триофино“, „Твингерс“, „Наполитан коцки“ и „Тортина плус“ со нов вкус на портокал.
„Макпрогрес“ е компанија која во своето 26 годишно постоење преку континуирани инвестиции и висока стапка на раст стана една од најголемите и најуспешните компании од прехранбената индустрија во Република Македонија. Во производното портфолио има преку 300 најразновидни прехранбени производи кои се пласираат под 5 главни брендови (Vincinni,Vincinni Finest, Armonia, Сончева Долина и Natura), како и педесетина суб-брендови.
Со сите инвестиции во последниве неколку години, „Макпрогрес“ се повеќе ја добива посакуваната физиономија на модерна, брзорастечка индустрија, пример за успешност  и професионалност не само во Македонија, туку и во светски рамки.
„Макпрогрес“ е силно извозно ориентирана компанија и своите произвводи ги пласира во над 55 држави ширум светот. Минатата година беа освоени и нови пазари: Кина, Хонг Конг, Либан, Јемен, Малдиви. Истовремено, компанијата го одржува(ше) стабилниот раст на пласманите кај сите топ 15 земји, особено кај оние од регионот каде што нејзините брендовите се силно препознатливи.Стратешка определба е во блиска иднина да се освојат повеќе западно-европски земји: Португалија, Шпанија, Германија, Шведска, Данска, Норвешка, Англија, како и да се пласираат производи и во прекуокеанските пазари.