ПИ „Витаминка“ од Прилеп се претставува на саемот „Интерфуд & Дринк“ кој од 7 до 10 ноември по 17 пат се одржува во Софија. Овој меѓународен саем е најголема саемска манифестација за прехранбена индустрија во Бугарија и истовремено е еден од најпрестижните настани во прехранбената индустрија во Југоисточна Европа, па како таков нуди одлични можности за преставување, воспоставување контакти и отворање нови деловни можности.

На овој настан има зголемено меѓународно присуство што овозможува создавање деловни релации, споделување искуство и позитивни бизнис практики, како и изнаоѓање на нови партнери и пазари. На саемот се организираат и дополнителни активности, групни форуми како и индивидуални состаноци и презентации.
„Витаминка“ со своите производи е веќе присутна и позната на бугарскиот пазар, а „Чоко Стоби флипс“, „Атлантис“, „Бонитас“, „Кукис“, „Деспина“, „Весели јајца“, „Фрути“ и други се веќе препознатливи брендови во оваа земја, докажани со својот квалитет.
Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на „Интерфуд & Дринк“ не само што ќе ја зацврсти својата позиција на бугарскиот пазар, туку ќе создаде простор за отворање потенцијални нови пазари и за нови пласмани.