Претседателот на советот на директори на „Руски машини“, Зигфид Волф изјави дека групата ГАЗ може да го обнови производството на автомобилите „Волга“, но во категорија на возила со средна големина.
-Го нарекувам превозник – автомобил кој би бил помал од „Газелата“. На пример, според типот на „Фолксваген Кеди“, – вели Волф.
Комерцијалните автомобили за кои зборува ко-сопственикот на „Руски машини“ обично се произведуваат или во товарна варијанта (две места – за возачот и совозачот) или во патничка варијанта-петосед.
-Спорд мене, „Волга“ би одговарала идеално за, да речеме, техничари кои имаат потреба да транспортираат мало количество стока и инструменти, – смета Волф.
Меѓутоа, извор во претпријатието истакна дека сѐ уште не е донесена официјална одлука за производство на комерцијални автомобили под марката „Волга“.
Производството на патничките автомобили „Волга“ беше запрено во 2008 година.