Погодениот вкус на европските потрошувачи од страна на конзервната индустрија „Вори“ од Гевгелија во годината што измина и донесе обрт од околу 6 милиони евра.Семејната компанија од Гевгелија целото производство го пласираше во странство, претежно во европските земји,  каде се бараше тегла повеќе од прекрасните вкусови од гевгелиското поднебје, посебно на ајварот кој беше произведен во количина од 7 милиони тегли.Четри петтини од извозот отпаѓа на ајварот.Годинава квалитетот на  „Вори“ тргнува да се докаже и на големите пазари на Руската Федерација и САД. На производното портфолио на компанијата засега егзистираат 25 различни производи, а од пред два-три месеци на пазарот се појавија и теглички со готова здрава храна  – „кускус“, „киноа медитерана“, „киноа тропикана“ и „булгур“ и  нови доматни сосови.
М-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора во разговор со Јорданка Ристова
За нови рецепти во „Вори“ воопшто немаат проблеми, бидејќи семејната компанија ја водат три сестри, чии домаќински рецепти кои се „берат“ и од семејната традиција, ги задоволуваат и најпрефинетите вкусови на странските потрошувачи.Во подготовката на производите им помагаат „куварот на мама и баба“ и боите на регионот, па се добива микс на кој не може да му одолеат и најголемите гурмани.
-На рускиот пазар очекуваме најмногу да пласираме од нашиот ајвар кој е со докажан квалитет, но не се без шанси и останатите производи. Лани го освоивме златниот медал во категоријата „Најдобар производ“ на најголемиот саем за широка потрошувачка во Руската Федерација и во Југоисточна Европа „Продекспо 2017“ во Москва. Врвното признание следеше по освојувањето на вкусовите на бројните посетители и на стручните оценувачи на оваа саемската манифестација, а  златниот медал е освоен за трите исклучително квалитетни производи – ајвар, тавче гравче и рижото.За да се најдеме на рафтовите во руските маркети ги корегираме  дел од нашите производи, бидејки тамошните потршувачи преферираат поблаги вкусови, – истакнува Јорданка Ристова, една од сопственичките на компанијата. – Лани имавме успешен настап и на големиот саем „Ануга“ во Келн и со задоволство забележавме огромен интерес кај деловните поартнери за нашите производи.
Јорданка Ристова
„Вори“ работи според стандардите за квалитет: ИФС, ХАЛАЛ, ИСО  22000 и  НАССР. Посебно се води сметка на дизајнот и пакувањето на производите.Во компанијата се вработени 100 лица, а во време на производната сезона бројот се искачува на 300.
-Семејниот бизнис го започнавме уште во далечната1991 година.Сега на чело на компанијата е втората генерација и посебно ни е драго што во неа почна да се ангажира и член од третата генерација.На почетокот „семејниот адут“ почна да се запознава со сите делови од процесот на производството, за да го „испече“ занаетот, – објаснува Ристова. – За сите наши деца вратата од компанијата е отворена и се зависи од нивниот интерес да се влучат во компанијата.
А, за вкључувањето малку кој може да се посомнева.Успешниот бизнис на  компанија очигледно стана генетска семејна предиспозиција.
            „ВОРИ“ ОД ГЕВГЕЛИЈА, ЗАЕДНО СО МАКЕДОНСКО-РУСКАТА СТОПАНСКА КОМОРА, НА СИТЕ ДЕЛОВНИ ПАРТНЕРИ, БИЗНИСМЕНИ И ГРАЃАНИ НА МАКЕДОНИЈА ИМ ПОСАКУВА УСПЕШНА 2018 ГОДИНА И ЧЕСТИТИ БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ!
                                                            Саво ПЕЈЧИНОВСКИ