Во Македонија во месец август допатувале 706 туристи од Руската Федерација што е 0,7 отсто од вкупниот број на гости што ја посетиле земјава.Тие оствариле само 1.830 ноќевања, што е 0,8 осто од вкупниот број на ноќевања што ги остварлиле туристите во Република Македонија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на туристи во август 2018 година изнесувал 211 746, а бројот на ноќевањата изнесувал 881 806. Бројот на туристите во август 2018 година, во однос на август 2017 година, е зголемен за 12.2 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 15.0 %.
Бројот на домашните туристи во август 2018 година, во однос на август 2017 година, е зголемен за 18.1 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 5.8 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во август 2018 година, во однос на август 2017 година, е зголемен за 17.9 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 7.6 %.
Во периодот јануари – август 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 15.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.5 %, а кај странските има зголемување за 15.3 %.
Во периодот јануари – август 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 16.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 14.8 %, а кај странските има зголемување за 18.0 %.
Најбројни гости во земјава се од Турција. Во август од таму допатувале околу 20 илјади посетители. Потоа следат туристите од Србија, Бугарија, Романија и Полска.