Државниот завод за статистика продолжува да евидентира низок број на туристи од Руската Федерација кои ја посетуваат земјава.Во месец април само 373 руски  туристи допатувале во Република Северна Македонија.Тоа е само 0,6 отсто од вкупниот број туристи што престојувале во земјава.Руските туристи и кусо се задржале во северна Македонија со оглед на тоа дека оствариле само 790 ноќевања, што е 0,7 отсто од вкупниот број ноќевања што во четвртиот месец од годинава го оствариле странските туристи.
Инаку, во април речиси секој пети туриста (18,3 отсто) бил од Турција или во бројки земјава ја посетиле 10.979 туристи од оваа земја. Бројни посетители земјава забележала и од Бугарија, Грција, Србија, Германија, Косово…
Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, вкупниот број на туристите во април 2019 година изнесувал 85 017, а бројот на ноќевањата изнесувал 166 238.
Бројот на туристите во април 2019 година, во однос на април 2018 година, е зголемен за 2.9 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 1.3 %.
Бројот на домашните туристи во април 2019 година, во однос на април 2018 година, е зголемен за 6.5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 1.5 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2019 година, во однос на април 2018 година, е зголемен за      3.3 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0.1 %.
Во периодот јануари – април 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 2.4 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.4 %, а кај странските има зголемување за 1.0 %.
Во периодот јануари – април 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 0.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.4 %, а кај странските има намалување за 1.3 %.