Бруто–плата по вработен

Индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 101.5

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (19.7%), Рударство и вадење на камен (12.8%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (5.8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Информации и комуникации (11.8%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3.9%) и Градежништво (3.5%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во април 2017 изнесува 33 296 денари.

Во април 2017 година, 0.9% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

Нето-плата по вработен

Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 101.4.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Информации и комуникации (22.4%), Рударство и вадење на камен (14.7%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6.1%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на претходниот месец е забележано во секторите: Информации и комуникации (14.4%), Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.0%) и Градежништво (3.9%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април 2017, изнесува 22 672 денари.

Во април 2017 година, 0.9% од вработените во Република Македонија не зеле плата.

(Државен завод за статистика)