Вкупниот увоз на гас во Република Македонија во првите шест месеци годинава изнесува 31,8 милиони евра што претставува пад од 35,6 отсто споредено со првите шест месеци минатата година кога е увезен гас во вредност од 49,4 милиони евра, – покажуваат податоците за трговска размекона што ги објави Народната банка на Република Македонија.
Според анализите, намалувањето на потрошувачката на природен гас е причина за понискиот увоз. Во овој период е намалено производство на неколку клучни индустриски гранки во Македонија, пред се на челичната индустрија кои се главите корисници на природен гас.
Дел од домашните експерти оценуваат дека досега е малку направено за зголемување на потрошувачката на природен гас во земјава, вкључувајќи ја и широката потрошувачка од страна на населението. Доцни комплетирањето на вкупната гасоводна мрежа.Како илустација се споменува дека за скоро 15 години колку што постои актуелниот магистрален гасовод и делумно изградената градска цевна дистрибутивна мрежа во Скопје, на нив досега се приклучени потрошувачи кои користат само од 15 до 17 отсто од неговиот предвиден капацитет. Широката потрошувачка се уште не е вклучена во системот. И користењето на природниот гас во сообраќајот се уште не е во функција.
Според официјалните податоци, Република Македонија користи само 17 отсто од капацитетот на постоечкиот гасовод. Вкупните количини природен гас пренесени до потрошувачите во 2015 година изнесуваат 135.946.902 нормални кубни метри а капацитетот на постоечкиот гасоводен систем изнесува 800.000.000 нормални кубни метри.
Од друга страна, штотуку објавените податоци на „Газпром“ покажуваат дека во овој момент извозот на гас од Руската федерација кон Европа расте за 10 отсто. И покрај политичките тензии првиот човек на „Газпром“, Алексеј Милер, за руските медиуми истакнува дека „ништо не сугерира на намалување.
Според оценките на рускиот државен гасен гигант во 2016 година испораката на гас кон Европа ќе биде во обем од околу 170 милијарди кубни метри или зголемување од 6,6 отсто. Во 2015 година испораките се зголемија за 8 отсто до 159,4 милијарди кубни метри.
Најголем раст има во однос на снабдувањето во Данска (137,3 отсто), Холандија (95,6 отсто), Грција (66,2 отсто) и Велика Британија (62,1 отсто), прецизира Милер. Испораките за Полска се со 21,5 отсто поголеми.