Во ноември месец минатата година преполовен е месечниот број на туристи од Руската Федерација кои ја посетиле Република Македонија.Во претпоследниот месец од годината Државниот завод за статистика регистрирал само 225 руски туристи во земјава, што е 0,9 отсто од вкупниот број на туристи што ја посетиле земјава во овој месец.Намален е и бројот на нивните ноќевања.Руските туристи се задржале во земјава по три дена или оствариле вкупно 499 ноќи.Тоа е само 1 отсто од вкупните ноќевања што странските туристи ги оствариле во Република Македонија.
Во претходниот период, земјава ја посетуваа по околу 500 руски туристи месечно.
Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот број на туристите који ја посетиле Република Македонија во ноември 2016 година изнесува 44 162, а бројот на ноќевањата изнесува 97 980.
Бројот на туристите во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.4%.
Бројот на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 5.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 5.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, е зголемен за 7.0%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 0.1%.
Во периодот јануари-ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 5.0% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.3%, а кај странските има зголемување за 4.8%.
Во периодот јануари-ноември 2016 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.7% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 3.9%, а кај странските има зголемување за 1.2%.
Најмногу гости има од Турција, Србија, Хрватска, Бугарија, Грција, Албанија, Косово. Најмалку посетитетли имало од Малта, Исланд, Белорусија, Луксембург, Кипар, Јужна Африка и Нов Зеланд.