Индексот на индустриското производство во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 86.6.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање од 10.8 %, во секторот Преработувачка индустрија од 14.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација производството опаднало за 11.5 %.

Намалувањето на производството во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 12.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 11.9 %, Капитални производи за 20.1.%, Трајни производи за широка потрошувачка за 7.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.1.%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари − март 2020 година, во однос на периодот јануари − март 2019 година, изнесува 96.3.(Државен завод за статистика)