Според оценката на менаџерите на компаниите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во мај 2020 година е намален за 3.0 процентни поени во однос на април 2020 година и изнесува 13.0, а во однос на мај 2019 година е намален за 8.0 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во мај 2020, во однос на април 2020 година, е понеповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во мај 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на мај 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во мај 2020 година изнесува 65.4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 21.3 %, недостигот на квалификувана работна сила со 18.4 %, неизвесното економско опкружување со 14.6 % и недоволната домашна побарувачка со 12.7 %.(Државен завод за статистика)