Годишната штета од даночните измами во Русија изнесува во просек 58 милијарди рубљи (756 милиони долари) во периодот од 2014 до 2020 година.

Ова го изјави заменик-шефот на Истражниот комитет на Руската Федерација, Елена Леоненко во интервју за ТАС.

Леоненко истакнува дека кога истражителите ќе отвораат кривична постапка или спроведуваат процедурални проверки, тоа ги наведува некои од несовесните даночни обврзници да ја надоместат штетата на државниот буџет.

-Како резултат на мерките што ги презема Истражниот комитет заедно со оперативните единици на руското Министерство за внатрешни работи и даночните власти, расте уделот на даночните обврзници кои доброволно ја надоместуваат штетата предизвикана од овие кривични дела. На пример, во 2014 година била надоместена само 26 отсто од штетите, додека во последните години враќањето на штетите од даночните малверзацијидо достигнала до 50 отсто, – додава таа.

Леоненко наведува дека во првите девет месеци од 2021 година утврдената штета од даночни кривични дела изнесувала околу 60 милијарди рубљи (781 милион долари), од кои доброволно се обештетени 39,7 милијарди рубљи (517 милиони долари), што е 66 отсто.

Според нејзините зборови, од вкупните кривични предмети што ги истражува Комитетот, во просек само 17 отсто од неплаќачите изразуваат желба да ја надоместат штетата во замена за ослободителна пресуда од кривична одговорност.