Во првиот месец од годинава Република Македонија ја посетиле само 255 туристи од Руската Федерација.Тоа е само 0,8 отсто од вкупниот број на странски туристи кои престојувале во земјава.
Руските туристи реализирале 565 ноќевања, што е 0,9 отсто од вкупниот број на ноќевања што ги имале странските туристи во Република Македонија во јануари.
Инаку, вкупниот број на туристите што во јануари 2018 година ја посетиле земјава изнесува  49 347, а бројот на ноќевањата изнесува 107 324.
Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 14.2%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 22.1%.
Најголемиот дел од туристите или  13.431 престојувале во Скопје. Најбројни посетители од странство биле регистирани од Албанија 3.819, Грција 3.670, Бујгарија 3.562 и од Косово 3.107.
Бројот на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 5.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 20.9%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 11.2%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 32.0%.
Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на претходниот месец, е намален за 4.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.5%.(Државен завод за статистика)