Во јули 2018 година, се издадени 276 одобренија за градење, што е за 34.6 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 671 709 илјади денари, што е за 200.4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 146 (52.9 %) се наменети за објекти од високоградба, 39 (14.1 %) за објекти од нискоградба и 91 (33.0 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 276 објекти, на 161 (58.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 115 (41.7 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 648 станови, со вкупна корисна површина од 53 243 м2. (Државен завод за статистика)