Во јуни Република Македонија ја посетиле 819 руски туристи, што  1,3 отсто од вкупниот број на странски гости што прсестојувале во овој месец во земјава.Во просек тие се задржале по 3,5 дена и оствариле 2.864 ноќевања.Во вкупниот број на ноќевања тоа е само 2,2 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јуни 2017 година што ја посетиле земјава  изнесува 84 778, а бројот на ноќевањата изнесува 197 016.
Бројот на туристите во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 18.1%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 14.6%.
Бројот на домашните туристи во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 4.1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 24.0%.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2017 година, во однос на јуни 2016 година, е зголемен за 8.1%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 18.2%.
Во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.6% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 11.4%, а кај странските има зголемување за 13.1%.
Во периодот јануари – јуни 2017 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 12.5% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 9.7%, а кај странските има зголемување за 14.3%.
Најмногу туристи во јуни  имало од Турција, 10.818. Истиот месец имало над 5000 Срби и над 3000 Бугари во посета на земјава. Бројот на грчки туристи е помал од 3000, а Македонија ја посетиле и над 2000 Романци и Полјаци.