„Витаминка“ АД Прилеп, членка на Македонска – руска стопанска комора, започна со исплата на К-15 на своите 570 вработени. Сите вработени ќе добијат по 10.000 денари линеарно.
Оваа одлука на менаџментот е само продолжување на досегашната практика на работење на компанијата, а исплаќањето се врши пред големиот македонски празник – Илинден Компанијата беше една од првите што се зачлени во Третиот пензиски фонд, што им овозможи на своите вработени дополнителни бенефиции за поголема пензија и акумулирање на финансиски средства. Прилепската кондиторска индустрија редовно го исплаќа К15 меѓу првите во државата последните неколку години.