Рускиот гигант засега не планира вклучување на европски акционери во проектот
“Газпром” преговара со повеќе енергетски компании за испорака на гас преку “Турски поток” до земји од ЕУ, коментира во интервју за “Ројтерс” заменик-директорот на компанијата, Александар Медведев.
Италија од страна на компанијата е земена во предвид како најдобар потенцијалниот пазар за суровината. Директорот на “Газпром” Алексеј Милер, сепак, имал средба и со претставници на EDF на тема “Турски поток”, откри Медведев.
Во оваа фаза, сепак рускиот гигант не смета да вклучува европски компании во проектот за изградба на гасоводот, што станува јасно од зборовите на заменик-директорот на „Газпром“.
Медведев соопшти дека очекува потпишување на договор за изградба на “Турски поток” да се случи во октомври. Овој пат проектот нема да биде врзан со попуст за испорака на гасот, којшто “Газпром” го нуди на турски „Botas“. Во пролетта 2015 година спорот за попустот го забави почетокот на изградбата на гасоводот.
-Тоа време помина, ние сме во различна пазарна ситуација, – коментира Медведев.
Во однос на друг проект за гасовод до Европа – продолжување на “Северен поток”, работата таму се движи според предвидувањата, гарантира заменик директорот на “Газпром”. Тендерите за проектот се во тек и се очекува изградбата да почне кон крајот на 2017 година.