На ден 03.02.2016 година во Скопје се одржа Редовното Годишно Собрание на Македонска Руска Стопанска Комора. Согласно Дневниот ред на истото беа донесени следниве одлуки:

Г-дин Ѓорѓи Дика е ре-избран за претседател на Комората со мандат за наредните пет години.согласно Статутот на Комората

Г-дин Дејан Бешлиев е ре-избран за извршен директор на Комората со мандат за наредните пет години.согласно Статутот на Комората

Членови на У.О се претставници на компаниите: МЗТ Пумпи Инком, ВВ Тиквеш, Агролозар, Агроунија, Лукоил Македонија, Макстил АД, МБПР, Агроиндустрија Агис, Леов, Елита Инвест. Со мандат за наредните пет години согласно Статутот на Комората

Членови на Н.О се претставници на компаниите: Самара- Скопје, Витаминка – Прилеп и Далвина -Хамзали. со мандат за наредните четири години согласно Статутот на Комората

на Собранието беа усвоени извештајот за работа на У.О за 2015 година, завршната сметка за 2015 година како и Програмата за работа на Комората за 2016 година.