Владимир Путин, претседателот на Руската Федерација го отвори единствениот артички терминал кој е изграден за одржување на големото нафтено поле во Јамал.

Нафтата која се наоѓа во близината на едно од напуштените артички руски села во истоименото полуострово по квалитет ги надминува не само руската „Уралс“, туку и „Брент“, а проценките зборуваат дека со оваа нафта ќе се тргува со додатни премии.Веќе оваа година испораката на нафтата од типот „Нов порт“ ќе изнесува 2 милиони тони, а следната година двојно ќе се зголеми.Максималната снага на „Капијата на Артикот“ изнесува 8,5 милиони тони.

-Ова е пресврт, голем ден за нафтената индустрија, – истакнал Путин на отварањето на „Капијата на Артикот“., – Изградбата на терминалот во тешките северни услови е реализација на еден од најквалитетните проекти.Во него се вложени 186 милијарди рубљи за три години.Прв пат нафтата нема да се испорачува преку нафтовод, туку по морски пат.

Директорот на „Газпром“, Алексеј Милер, прецизираше дека од „Капијата на Артикот“, која изгледа како огромна кула која излегува од мраз во заливот Об, до најблискиот систем за транспорт на нафтата ќе патува 700 километри.

            -Дебелината на мразот достигнува до 2,5 метра, а температурата се симнува до минус 50 степени, – објаснил Милер, – Нафташте веќе градат современи мразокршачи за да не станат заробеници на суровата северна клима.

            Нафтата од поларните краишта може да се извезува во текот на целата година, а тоа беше докажано уште во 2011 година, по успешното спојување на експерименталниот нуклеарен мразокршач од пристаништето Сабет (на североисток на полуостровот Јамал) до ртот Камени.Како резултат на тоа, „Газпром њефт“ го избра овој вид на превоз како оптимален.

Заедно со изградбата на терминалот на обалата од заливот Об е изградена и целата потребна инфраструктура: подводни и копнени нафтоводи во должина од повеќе од 10,5 километри, складиште за нафта и слично.Обемот ги задоволува највисоките еколошки стандарди, обезбедувајќи „нулто исфрлање“ на загадувачи во водата.

Изградбата на терминалот во ваквите тешки климатски услови беше потребно заради планот токму годинава да биде почетокот на индустриската експлоатација на Новопортовските нафтени полиња.Тоа ќе биде најсеверната нафтена провинција на Русија, единствена по условите на работа и логистичките задачи.Надоместливите резерви преоѓаат 250 милиони тони нафта и повеќе од 320 милијарди метри гас.

За поморскиот транспорт на новопортовската нафта, во мај беа пуштени да пловат два танкери – „Штурман Албанов“ и „Штурган Малигин“ – произведени во Јужна Кореја.Танкерите ќе пловат по воден канал кој претходно ќе биде очистен од страна на атомски мразокршач. Сами танкерите не се во состојба да се пробијат низ мразот со дебелина до 2,5 метри.