Странски директни инвестиции во Русија достигна 14 милијарди долари во првата половина од 2017 година. Ова им го соопшти на новинарите министерот за економски развој, Максим Орешкин по седницата на Консултативниот совет за странски инвестиции при премиерот Дмитриј Медведев.
Инвестициите се зголемиле речиси за два пати во однос на првото полугодие од 2016 година, а економијата е преминала во фаза на раст, – коментираше притоа Медведев.
-Економијата почна да се опоравува, тргна економски раст, компаниите тоа го чувствуваат по своите резултати, – истакна Орешкин.
Според него, бројките за раст на инвестициите кои ги објави „Ернст и Јанг“ покажуваат историски раст на развојните инвестициските проекти во Руската Федерација.
-Индикаторите говорат дека странскиот бизнис повторно активно се врти кон земјата каде што го гледа својот долгорочен интерес и развој. – додал рускиот министер за економски развој.
Како фактори кои ги привлекуваат инвеститорите, министерот ги посочи јасноста на прописите, предвидливоста и транспарентноста.
Според проценката на Министерството за економски развој и во наредните години ќе продолжи растот на странските директни инвестиции во Русија.