Вкупните девизни резерви на земјава заклучно со крајот на октомври изнесуваа 2,72 милијарди евра, што е за 30 милиони евра повеќе во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.Салдото на вкупните девизни резерви на октомври лани беше 2,18 милијарди евра.
Најголем дел од државните девизни резерви зафаќаат хартиите од вредност, коишто на крајот на октомври достигнаа 2,15 милијарди евра. Еден месец претходно на оваа сметка имаше 10,8 милиони евра повеќе, додека истиот период лани имаа вредност од 1,68 милијарди евра.
На крајот на октомври, земјата располагаше со валути и депозити на ниво од 312 милиони евра, додека претходниот месец изнесуваа 270 милиони евра или за 41,7 милиони евра повеќе.
Монетарното злато заклучно со 31-ви октомври достигна 258 милиони евра, а на крајот на септември имаше вредност од 259 милиони евра. Истиот период лани, вредноста на државното монетарно злато изнесуваше 228 милиони евра.