Руската Влада не треба да брза со примената на забрзани структурни реформи бидејќи тоа може да ја продолжи кризата за уште неколку години и тешко да се одрази на економијата потисната од рецесијата, како и на населението, изјави неодамна премерот на Русија, Дмитриј Медведев.

-Нема да спроведеме реформи на сметка на народот, – изјави Медведев во долниот дом на парламентот за време на известувањето за работата на неговата влада.

Тој додаде дека народот и економијата можат да издржат само одредена брзина и длабочина на реформите.

Медведев истакна дека Владата нема планови да се заврти кон печатењето на пари за да се премости буџетскиот јаз.

-Русија треба да се врати на тригодишното буџетско планирање. Нема да постојат измени на државниот буџет во текот на пролетната седница на парламентот, – изјави Медведев.