КРЕДИТ ОД 2 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА РУСКАТА

ДРЖАВНА ЕНЕРГЕТСКА КОМПАНИЈА

Руската државна енергетска компанија „Газпром“ и лондонскиот клон на Bank of China на 03, Март 2016 година во Шангај склучија договор за кредит од 2 милијарди евра.Ова е најголема сума на кредит во историјата на „Газпром“ повлечена од една финансиска институција и прв кредит од кинеска банка.

Bank of China е голема меѓународна банкарска групација, чија што дејност вклучува банкарски операции, инвестициска практика, услуги во областа на осигурувањето и лизингот, со вкупна актива од над 16 трилиони јуани, а присутна е во 46 држави во светот.