Индексот на индустриското производство во август 2019 година, во однос на август 2018 година, изнесува 109.8.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2019 година, во однос на август 2018 година, бележи опаѓање од 1.4 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи пораст од 47.9 %.

Според главните индустриски групи, производството во август 2019 година, во однос на август  2018 година, бележи пораст кај Енергија за 39.8 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5 %, Капитални производи за 14.0 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 25.4 %, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.6 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2019 година, во однос на периодот јануари – август 2018 година, изнесува 105.5.(Државен завод за статистика)