Белорускиот претседател Александар Лукашенко потпиша либерален закон кој  сигнализира државната поддршка на блокчејнот и криптовалутите.
Според новиот закон, сите трансакции и приходи од крипто-валутите (вклучувајќи го и рударењето) се ослободени од плаќање даноци во следните пет години.
На тој начин, Лукашенко ја постави рамката на таканаречениот “развој на дигиталната економија” на Белорусија. Целта на легислативата е да ја отстрани бирократијата која потенцијално би можела да ја попречи имплементацијата на блокчејно, воедно создавајќи услови за  поттик на  размената на криптовалути.
Покрај тоа,  белоруски ХTП – технолошки рај, создадена од страна на Лукашенко во стилот на Силиконската долина, ќе има привилегија да привле финансиски средства преку ИЦО  и да ги  користи криптовалутите при циркулирањето на трансакциите на населението.
 Лукашенко објасни дека главната цел е да се создадат услови  глобалните ИТ компании да дојдат во Белорусија и таму да ги отворат своите канцеларии, развојни центри и да креираат популарни дигитални производи.
Со оваа одредба  легализирани се  криптовалутите, потоа  јавната понуда на  токени и паметните договори. Со ова, Белорусија ги легализираше трансакциите во криптовалути. Ова може да ја подобри економијата на државата, бидејќи приватниот сектор ќе привлече странски инвеститори и компании во оваа поранешна советска економија.