Руските добавувачи доминираат во снабдувањето со нафта на Европската унија, а поголемиот дел од увозот на оваа заедница доаѓа од „нестабилните земји“, – покажуваат податоците од најновото истражување на „Cambridge Econometrics for Transport & Environment“ (T&E). Најновите бројки зборуваат дека расте и испоракат на рускиот природен гас во Европа.
Според истражувањето 88% од целата сурова нафта во ЕУ е од увоз, а осум од десетте најголеми снабдувачи на нафта во Европа се неевропски компании, објави „oilprice.com“.
Руските компании испорачуваат 36% од суровата нафта во ЕУ, а од тоа на „Роснефт“ отпаѓаат 20%, додека на „Лукоил“ – 12%. Останатите 4% се обезбедени од „Газпром“. Само две ЕУ компании – „Shell“ и норвешката „Statoil“, се во топ 10 на производителите кои го снабдуваат регионот со нафта.
Растечката употреба на нафта од Европа ги полни џебовите на големи нафтени компании во земји, како што се Русија и Либија, – вели експертот за нафтена политика во „T & E“, Лора Бафет.
Освен од Русија и Либија, поголемиот дел од европската нафта доаѓа од земји кои истражувачите во извештајот ги класифицираат како „нестабилни“, вклучувајќи ги Азербејџан, Казахстан, Нигерија и Ангола.
Зголемената зависност на Европа од сурова нафта изгледа се совпаѓа со нејзината зависноста од дизелот, која двојно се зголеми во периодот меѓу 2001 и 2014 година, – се вели во извештајот.
За време на овој временски период домашното производство на сурова нафта и увозот од релативно стабилните земји битно се намалени, што ја прави Европа се повеќе зависна од нестабилните земји, за да ја задоволува растечката побарувачка.
Аналитичарите од „T & E“ повикуваат на намалување на емисиите на јаглерод од транспорт и нудат пренасочување кон електричните автомобили, што ќе доведе до раст од 1% на БДП на ЕУ и ќе создаде до 2 милиони нови работни места и ќе ги намали емисиите од автомобилите и комбињата за 83 % до 2050-та година.
Најновите податоци зборуваат дека се зголемува увозот, а со тоа и на зависноста на Европа и од природниот гас од Руската Федерација. Рускиот енергетски гигант „Газпром“, деновиве соопшти дека во првите шест месеци од оваа година во западна Европа извезол 14,2 отсто повеќе гас во однос на истиот период од лани.„Газпром“, имено, во првото полугодие вкупно извезол 69,8 милијарди кубни метри гас во Западна Европа.Најголем раст е забележан во извозот на британскиот пазар, каде се испорачани 1,7 пати повеќе гас или 9,3 милијарди кубни метри гас.