Германскиот министер за економија и енергетика, Бриџит Сиприс предупреди на ризикот од трговска војна меѓу ЕУ и Соединетите Американски Држави (САД) околу новите санкции против Русија.Ова би било, како што оценува тој, многу лош развој за Европа.
“Постои и можност од воведување контрасанкции бидејќи тоа го предвидува Светската трговска организација”, рече Сиприс.Новите американски санкции против Русија, смета тој, може да им наштетат на германските компании и да ги загрозат односите на Вашингтон со Берлин.
Асоцијацијата на германските индустриски и трговски комори заклучи дека санкциите можат да имаат негативно влијание врз енергетската безбедност на Европа и дека може да и наштетат на германската економија.
Новите санкции спрема Русија се погршен потез на САД, сметаат и околу 83 отсто од германските граѓани.Ова го покажува истражувањето кое го спроведе агнцијата „Форса“
Само 6 отсто од испитаниците се залагаат за воведување нови санкции кон Русија. Дури 77 отсто го искажале уверувањето дека со новите санкции САД се обидуваат да ги подобрат своите позиции во економијата.