Брисел конечно ги воведе антидампинг давачките за одредени видови челик увезени од Русија и Кина. Одлуката следи по привремено воведената санкција во февруари годинава.
Европската комисија на 4.8.2016 година објави дека во текот на следните пет години ќе бидат воведени давачки за ладно валан челик, кој се користи за производство на автомобили и во градежништвото.
Царините се движат од 19.7 проценти до 22.1 проценти за кинескиот увоз и од 18.7 проценти до 36.1 проценти за руските компании, објавува „Ројтрес“.
Царините ќе важат ретроактивно од декември 2015 година како реакција на засилениот увоз, откако Брисел минатата година најави антидампинг истрага.Таа започна по жалба на Асоцијацијата на европските производители на челик (Eurofer). Околу 60 отсто од увозот на челик на европскиот пазар доаѓа од Русија, Кина и Украина.
Според „Ведомости“, вкупно во 2015 година руските компании – производители на челик извезле 2.1 милиони тони ладно валан челик од вкупно произведените 4.7 милиони тони. Минатата година најголеми количини во Европа испорачале „НЛМК“ (350.000 тони), „Северстал“ (200 000-250 000 тони) и „ММК“ (околу 100 000 тони).
Во првото тримесечје од оваа година 19 проценти од приходите на „Северстал“ (189 милиони долари) се должат на извозот во ЕУ, додека за „НЛМК“ тие се 20.2 проценти (320 милиони долари).
-Како резултат на светската криза, поврзана со прекумерното производството на челик, ЕК применува алатки за заштита на трговијата, за да се ресоздадат еднакви услови на конкуренција помеѓу ЕУ и странски производители, -се вели во соопштението на ЕК.
Од „НЛМК“, една од засегнатите руски компании, посочуваат дека сеевидентирани бројни прекршувања од преставниците на на ЕК при пристрасната истрага“.
-Ние ќе продолжиме да ги заштитуваме своите интереси со сите законски средства. Особено, планираме да го спориме воведувањето на царините во Судот на ЕУ, но исто така и во Светската трговска организација. – додаваат од „НЛМК“
Кинеското Министерство за трговија изрази жалење за одлуката на ЕК.
Конкурентите ги обвинуваат кинеските производители дека при извозот продаваат под цена, откако побарувачката на челик во земјата се намали, што пак доведе до губење работните места и затворање на фабриките поради глобалната криза во индустријата.
Кина оценува дека овој потег на ЕК ја засилува правната несигурност и сериозно влијае на нормалната меѓународната трговија.