Повеќе од 30 награди за македонски вина на Decanter World Wine Awards 2022 – еден од најпознатите и највлијателни вински натпревари во светот, каде вината се оценуваат од врвни вински експерти од целиот свет.

Како дел од наградените винарии се среќаваат винариите „Тиквеш“, „Далвина“, „Венец“,  „Пуклавец“,  „Камник“…

Многубројните награди за македонските вина се показател за квалитетот на вината и врвните способности и вложениот труд на македонските производители на вино. Тие претставуваат огромно признание и дополнителен поттик.

Македонските винарии освоија еден платинест медал, четири златни медали, пет сребрени медали и 21 бронзен медал.

Платинест медал освои виното „Мерак“ од винарија „Тиквеш“, а четири златни медали освоија вината: „Барово“ црвено од винарија Тиквеш, „56 Резерва“ од винарија „Венец“, „Хермес Каберне Совињон“ и „Ар-Магедон Куве Барик“ од винарија „Далвина“. Медали освоија и вината: „Куве Де Престиж“ од винарија „Камник“, „Инстинкт Вранец“ од винарија „Пуклавец“, „Кориа Темјаника“ од винарија „Венец“, „Шардоне Домен Лепово“ од винарија „Тиквеш“.