„Россељхознадзор“ планира наредниве две недели да го забрани на рускиот пазар увозот на месо од живина, јајца за ведење и други производи од живина од земјите на Европа, каде што е регистриран птичји грип, изјави портпаролот на агенцијата Јулија Мелано.
Според Мелано, точен датум за забраната сѐ уште нема, но се смета да биде воведена во текот на наредните две недели.
„Тоа се првенствено земјите каде што се регистрирани појави на високо патоген птичји грип“, изјави Мелано.
Русија од 30 декември 2016 година воведе привремени ограничувања за увоз на живина, јајца за ведење и производи од месо од живина од Полска.