Депозитите (заштедите) во странска валута на Русите во 2017 година се намалиле за 6,4 милијарди долари. Заштедите во националната валута, напротив, се зголемиле за 1 трилион рубљи (15,7 милијарди долари), зборуваат податоците од руската Централна банка.
Овој тренд се објаснува со пораст на довербата во рубљата и повисоките каматни стапки на овие депозити. Експертите велат дека овој тренд ќе има позитивно влијание врз рускиот финансиски систем, бидејќи обезбедува повеќе потпори за управување со економијата.
Обемот на заштеди на населението во руските банки на 1 јуни ја достигнало бројката од  26,7 трилиони рубљи, од кои 21,2 трилиони  се во рубљи, а 5,5 трилиони – во странска валута. Така, депозитите во странска валута се намалиле од 28,4% на 20,6%. Од 2014 година, просечниот годишен раст на обемот на девизните депозити изнесува 2,8%.
Најголемиот одлив на девизни заштеди беше евидентиран во април и мај – 3,2 милијарди долари и 1,5 милијарди долари,  – открива Евгениј Воробјов, шеф на аналитичкиот оддел на финансиско-инвестициската фирма УК „Ингосстрах-Инвестиции“.
Во текот на април курсот на рубљата  остро опадна за 9,6%,  од 57,4 до 62,9 рубли. Сосема е можно дека дел од штедачите одлучиле да ги претворат своите заштеди  во рубљи. Најверојатно, дел од добиените рубљи се вратиле како депозити,  – додава овој рече експерт.
Заштедата во рубли покажува најголема доходовност, објаснуваат добро упатените. Исто така,  се забележуваат и  пониски каматни стапки на депозитите во долари и евра во споредба со депозитите во рубљи.
Според најновите податоци на Централната банка, каматните стапки на заштедите во рубљи  на рок поголем од една година се 6,66% на годишно ниво, а кај депозитите во долари – 1,96%, а за еврото  – 0,39%.
– Овој тренд, безусловно, е позитивен за руската економија,-  вели Констант Коришенко, шеф на катедрата за финасиски пазари на Руската академија за народно стопанство  РАНХиГС.
-Заштедите во сопствена валута овозможува повеќе лостови   за управување со економијата, –  вели Тимур Нигматулин, аналитичар во „Брокер“.
Според него, ваквата состојба  ќе овозможи да се забрзаат стапките на раст, да се ублажи влијанието на кризата, да се стимулира извозот и да се намали инфлацијата и невработеноста.
Но, сепак, е рано да се каже дека трендот на пораст на девизните депозити е одржлив, предупредува Коришенко.
Според финансиските аналитичари, делот на девизните депозити нема да падне под 20%, а особено кај физичките лица нема да биде  помал од 15 до 17%.