Индексот на индустриското производство во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, изнесува 95.9.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање од 9.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.9%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 13.2%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во септември 2020 година, во однос на септември 2019 година, бележи опаѓање кај  Енергија за 12.0 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 26.2% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.1%, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.0% и Капитални производи за 2.4%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – септември 2020 година, во однос на периодот јануари – септември 2019 година, изнесува 87.9.(Државен завод за статистика)