Индексот на индустриското производство во август 2018 година, во однос на август 2017 година, изнесува 102.1.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст од 1.0 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.8 %.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на метали, Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место и Производство на мебел.
Според главните индустриски групи, производството во август 2018 година, во однос на август 2017 година, бележи пораст кај Енергија за 1.9 %, Капитални производи за 8.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 12.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.5 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2.0 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – август 2018 година, во однос на периодот јануари – август 2017 година, изнесува 105.1. (Државeн завод за статистика)