„Икеа“ ја отвори најголемата фабрика за мебел во Русија. Вредноста на инвестицијата е 50 милиони евра.
Новата фабрика на шведската компанија е во Велики Новгород и производството ќе биде насочено главно за рускиот пазар. Во моментов над 50 отсто од мебелот кој го продава „Икеа“ во Русија, се произведува во земјата. Од компанијата коментираат дека се стремат да го зголемуваат овој процент.
Капацитетот на новата фабрика е 7 милиони единици годишно – рамки за гардероби и кујни, како и плочи од иверица.
Новата фабрика е најголемата инвестиција на „Икеа“ во Русија досега. Компанијата има уште три производствени капацитети – во Московската област, Ленинградската област и во Корвската област.
Вкупниот обем на инвестициите на „Икеа“ во Русија изнесувааат 100 милијарди рубљи.
Компанијата работи во Русија од 1990-та година. Нејзината прва продавница, сепак, беше отворена дури во 2000-та година. Во сите единици на „Икеа“ во земјата работат кон 12.000 лица