Индексот на индустриското производство во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, изнесува 104.2.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи опаѓање од 11.0 %, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 7.8.%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација бележи опаѓање од 5.5 %.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2019 година, во однос на октомври 2018 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3.2 %, Капитални производи за 12.5 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6.2 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 8.5 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари − октомври 2019 година, во однос на периодот јануари − октомври 2018 година, изнесува 105.4.(Државен завод за статистика)