Индексот на индустриското производство во април 2017 година, во однос на април 2016 година, изнесува 98.1.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст од 2.9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 2.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 1.2%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на облека, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали и Производство на електрична опрема.

Според главните индустриски групи, производството во април 2017 година, во однос на април 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 0.4% и Капитални производи за 2.8% додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 1.2%, Трајни производи за широка потрошувачка за 9.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.2%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – април 2017 година, во однос на периодот јануари – април 2016 година, изнесува 98.4.           (Државен завод за статистика)