Претседателот на Русија Владимир Путин изјави деновиве на состанокот на Комисијата за економски прашања дека стапката на инфлација во земјата продолжува да опаѓа и во февруари овој показател на годишно ниво изнесува под 5%.
На пример, шефот на руската држава прецизираше дека на 13 февруари инфлацијата изнесувала 4,72%.
Покрај тоа, Путин истакна дека властите во целина гледаат позитивна динамика во домашната економија. Според него, резултатите од 2016 година се покажале подобри од очекуваните: намалувањето на БДП на Русија, според прецизираните податоци, изнесувало 0,2%.
За потсетување, Европската комисија ја подобри својата прогноза за порастот на БДП на Русија во 2017 година на 0,8%, наместо претходно очекуваниот пораст од 0,6%.
-Во целина гледаме позитивен тренд во економијата. Резултатите од минатата година, кои веќе пристигнаа, се покажа подобри отколку што се очекуваше, -оцени рускиот лидер.-Трендовите веќе се јасни, јасно е што се случува. (…) Ние треба да ги сфатиме тие трендови, да ги вреднуваме и да ја испланираме својата работа.
Според последните податоците на руските статистичари, падот на БДП бил 0.2%, а индустриското производство се зголемило за 1,1%.
Путин истакна дека во 2016 година е остварена рекордно ниска стапка на инфлација од 5,4%.
– Ова е подобро отколку што прогнозиравме. Мислевме дека најниската стапка на инфлацијата ќе биде шест или 6,1 отсто, а излезе 5.4 отсто, – вели претседателот. – Тоа е најниската инфлација во Русија во последните 25 години!