Индексот на индустриското производство во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, изнесува 103.5.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи опаѓање од 1.3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 13.6%.
Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерали, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст кај Енергија за 8.0 %, Капитални производи за 2.4%, Трајни производи за широка потрошувачка за 18.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.9 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5.4%.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – декември 2016 година, во однос на периодот јануари – декември 2015 година, изнесува 103.4.( Државен завод за статистика)